Рекорден број сериозни случаи на Ковид пријавени во Израел
Израел регистрираше рекорден број сериозни случаи на Ковид-19, покажаа официјалните бројки објавени во саботата.
„Вкупно 1.229 пациенти се хоспитализирани поради тешка форма на Ковид, што е најголем број од почетокот на пандемијата“, соопшти Министерството за здравство.
Досега најголем број тешки хоспитализации имало на 26 јануари 2021 година – 1.185 такви пациенти.
Израелските болници се борат со пренатрупаност, но во исто време, постојат знаци дека бранот на варијантата Омикрон во Израел се намалува.
Во понеделник дополнително треба да се ублажат мерките за борба против ширењето на коронавирусот во земјава.
Според Министерството за здравство, за 24 часа се пријавени 37.985 нови случаи.
Најголемиот број беше на 23 јануари, кога Израел имаше повеќе од 85.000 нови случаи, најмногу од почетокот на пандемијата.
Светскиот лидер во вакцинацијата во првите бранови на пандемијата, Израел го усвои мотото „Живеење со Ковид“ неколку месеци пред доаѓањето на Омикрон варијантата на коронавирусот.
Ново на Сител
-
Пешак загина во Штип откако во него удрило патничко возило
-
23-годишник со два ножа се шетал во Гази Баба
-
Николоски: Проектот “Купи куќа за млади” стартува од следната година
-
АТП ги објави тенисерите со најголема заработка во 2024 година
-
Клоп би можел да го замени Симеоне во Атлетико
-
Хрватската опозиција на седница на Саборот остро го критикува премиерот Пленковиќ поради корупциската афера „Берош-Петрач“
-
Синот на норвешката принцеза е уапсен поради силување
-
Руте ја назначи Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО