-->
-->
Рекорден број новозаразени во Грција - За 24 часа 9.284 нови случаи на Ковид-19
-->
Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 9.284 нови случаи на Ковид-19, што е рекорден број новозаразени на дневно ниво од почетокот на пандемијата, јави дописничката на МИА од Атина.
Починаа 66 лица, а 629 пациенти (пет повеќе од вчера) се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега во болниците, од кои 533, односно 84.74 отсто се невакцинирани или делумно вакцинирани.
Последниот негативен рекорд земјата го регистрираше на почетокот на ноември, кога беа соопштени 8.613 новозаразени, од рекордни 636.213 направени тестови, додека пак денеска, новите случаи се од 95.174 тестови.
Од почетокот на пандемијата, во Грција се потврдени вкупно 1.084.153 случаи на Ковид-19, а почина 20.496 лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Мора да има одговорност за прислушувањето
-
Филипче: Најлошо ќе биде да не правиме ништо
-
Јаневска: Студентите имаат партнер во МОН
-
Под ингеренции на МОН, од годинава 8 регионални центри за стручно образование и обука
-
Бројот на првачиња во Струмица намален за 10%
-
Митевски: Работиме на решение за Вардариште
-
Шукова: Вардариште ќе остане депонија
-
Охрид треба да привлекува туристи со своето природно и културно наследство, а не со езерски туризам