Рекорден број новозаразени во Германија – 30.277 лица

Германија има повеќе од 30.000 дневни инфекции со коронавирус, првпат од почетокот на пандемијата, објави германскиот институт Роберт Кох.
Институтот објави дека податоците за заразените вклучуваат 3.500 случаи од југозападната провинција Баден-Вуертемберг, кои од технички причини не биле вклучени во статистиката на случаи од четвртокот.
Рекордни 30.277 случаи се потврдени во изминатите 24 часа. Починати се 813 лица, втор најголем пораст од март досега. Бројот на починати во последно време се зголемува, што се очекуваше со оглед на наглиот пораст на инфекциите.
Германија во моментов бележи голем број смртни случаи, поради што властите се под притисок да започнат со вакцинирање на населението што е можно поскоро.
Германија потврди повеќе од 1,4 милиони инфекции и 24.938 жртви на Ковид-19 од почетокот на пандемијата.
Ново на Сител
-

Кочовска: Синдикатите да се договорат со работодавачите за повисока плата
-

СДСМ: Како излегле 5 тони дрога од Македонија
-

Тече рокот за пријавување на штети од поплавите во Струмица
-

Сите работници не добиле К-15
-

Прекумерната употреба на антибиотици сериозна опасност по здравјето
-

Преглед на вестите од светот
-

До 1 мај граѓаните кои работеле во странство треба да обезбедат доказ за платен данок
-

Преглед на вестите од светот
