Балкан
1. August 2020 - 18:03

Рекорден број на новозаразени со Ковид-19 во Албанија

Нов негативен рекорд e забележан во Албанија во последното деноноќие, кога станува збор за новозаразени со Ковид-19.

Според Министерството за здравство и социјална заштита, во изминатите 24 часа регистрирани се 120 новозаразени со коронавирус, што е највисока бројка до сега од 9 март, кога беа регистрирани првите два случаи, татко и син, по нивното враќање од Италија.

И понатаму главно жариште на болеста е Тирана, од каде се 57 од новозаразените, а ново жариште повторно станува Драч, каде има 15 новозаразени.

Во исто време починале четворица, додека оздравеле девет пациенти.

Со последните 510, до сега направени се 41.709 тестови, позитивен резултат е добиен кај 5.396 лица, битката со опасниот вирус ја добиле 2.961, починале 161, додека активни на болеста се 2.274. Од нив во Инфективната клиника и болницата Ковид2 се лекуваат 119 од кои 24 се во тешка здравствена состојба.