Свет
24. March 2025 - 18:08

Рекорден број мигранти го преминаа Ла Манш во обид да стигнат до Велика Британија во првото тримесечје од годинава

Рекорден број илегални мигранти пристигнале во Велика Британија преку каналот Ла Манш во првото тримесечје од годинава, јави денеска ДПА, повикувајќи се на прелиминарни податоци на Министерството за внатрешни работи.

Според нив, досега од почетокот на годинава преку Ла Манш пристигнале 5.847 мигранти, од кои 335 само вчера. Податоците се нецелосни бидејќи тримесечјето се уште не е завршено.

Бројката е поголема од 5.435 мигранти кои пристигнале во првото тримесечје од 2024 година, што тогаш беше рекорд.

Минатата недела француската крајбрежна стража потврди дека двајца мигранти го загубиле животот додека се обидувале да го преминат Ла Манш.