Преглед на вестите од светот
Волц ја презеде одговорноста за безбедносниот скандал
Американскиот советник за национална безбедност Мајк Волц ја презеде одговорноста за вклучувањето на новинар во групниот разговор на апликацијата Сигнал во кој високи американски функционери разговарале за воена операција за напад на јеменските хути. Волц во интевју за Фокс Њуз го објасни инцидентот велејќи дека бројот на новинарот ОД весникот атлантик Џефри Голдбергслучајно бил наведен под друго име во неговиот телефон , односно името на личноста која планирал да ја вметне во групата на сигнал.
Тоа е срамно, да. Јас ја преземам целосната одговорност. Ги имаме најдобрите технички умови кои истражуваат како се случи ова. Но, можам да ви кажам, можам да ви кажам 100%, не го познавам овој човек тој навистина е ѓубре од новинари и го познавам во смисла дека го мрази претседателот, но не му праќам пораки од мојот телефон. Имаш туѓ број на туѓ контакт. Тоа е делот што треба да го сфатиме., истакна Волц.
Претседателот Доналд Трамп и шефовите на американското разузнавање ги минимизираа безбедносните ризици и рекоа дека не е споделен доверлив материјал. Демократите бараат целосна истрага за случајот.
Кремљ: Москва не го напаѓа енергетскиот систем на Украина. Зеленски - не е точно
Стопирани се руските напади врз украинската енергетеската инфраструкура а нападвите во Црното Море ќе запрат отккао ќе бидат укинати западните санкции за рускте компаниите вклучени во извозот на храна и ѓубрива, објави Кремљ. Украинскиот претседател Зеленски пак ја обвини Русија дека не се држи до ветеното и продолжува со воздушните напади на енергетската инфраструкура. Вчера Белата кука инфораше дека Русија и Украина се согласиле на поморски прекин на огнот во Црното Море и запирање на нападите на енергетската инфраструктура, во одделни состаноци со САД, по тридневните мировни преговори во Саудиска Арабија. Белата куќа соопшти дека и ветила на Моксва дека ќе и помогне да го врати пристапот до светскиот пазар за извоз на земјоделски производи и ѓубрива.
Протести во Газа против војната и Хамас
Стотици луѓе протестираа во северниот дел на појасот Газа барајќи крај на војната со израел а на милитиантната група хамас и порачаа да се повлече од власта во газа.
- Не за војна, не за Хамас и за волја на бога, Хамас надвор.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пак му порача на Хамас дека ќе заземе територија во Појасот Газа доколку не ги ослободат заложници што се уште ги држат.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар