-->
-->
Рекорд во Штип - Три сообраќајки за неколку часа
-->

За среќа без повредени и загубени човечки животи, но со причинета голема материјална штета.
Неделниот ден беше баксузен за тројца возачи од Штип. Првата сообраќајка се случила два и пол часа по полноќ во центарот на градот. Се судриле два автомобила, Шкода Фелиција и БМВ.
Возачите и сопатниците поминале без повреди, но автомобилите биле уништени. Два часа подоцна, недалеку од првата сообраќајка, возач со своето Ауди, најверојатно поради неприлагодена брзина, удрил во дрво кај крстосницата која ги дели улиците кон Клиничката болница и паркот Бриони.
И тука, сопственикот на автомобилот, поминал без повреди, но со материјална штета за возилото. Третата сообраќајка се случила на улицата Радански пат, каде 18 годишен учесник во сообраќајот од засега неутврдени причини изгубил контрола врз возилото марка Пежо 306 и удрил директно во ѕид од кука. И тој поминал без никакви повреди, но автомобилот бил мошне оштетен. Нема останати детали за сообраќајките, кои денеска се една од актуелните теми помеѓу граѓаните на Штип.
Истрагата за причините кои довеле до нивно случување е во тек. Надлежните истражни органи не наведуваат детали дали учесниците возеле под дејство на алкохол или не.
Единствено што се знае е дека, возачот на Пежо 306 немал возачка дозвола и пред некој месец станал полнолетен
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Напад со огнено оружје на настан со Трамп, напаѓачот е уапсен
-

Граѓаните прашуваа, пратениците одговараа - кој го кочи патот кон ЕУ?
-

ЗНАМ нема став за двојните државјанства на пратениците
-

ВМРО-ДПМНЕ предлага измени на Законот за концесии и јавно приватно партнерство
-

Македонија ја тресе серија на сексуална патологија - како да се заштитат децата од предатори и уцени?
-

Пчеларите под притисок: Помалку мед, повеќе фалсификати
-

Нови инвестиции за унапредување на туристичките локалитети во Ново Село
-

Во Прилеп одбележан месецот на Франкофонијата
