Македонија
26. April 2026 - 16:38

Македонија ја тресе серија на сексуална патологија - како да се заштитат децата од предатори и уцени?

28 годишен вработен во основно училиште во Гостивар е во притвор под сомнение за силување и сурова уцена на 14 годишно девојче. Овој случај ја прели чашата во јавноста, откако предаторот ги злоупотребил експлицитните фотографии на жртвата објавувајќи ги на социјалните мрежи. Само за неколку недели ова е трет случај на сексулано насилство врз малолетници. Експертите го вклучија алармот, колку предатори се кријат зад маската на авторитет во животот на младата популација. 

Гостивар не е изолиран случај. Во последните неколку недели, Македонија е ужасната од  сексуалната патологија. Во Битола, училишен психолог заврши во притвор за детска порнографија. Во Скопје 58 годишник е осомничен за силување на 13 годишно девојче. Додека Обвинителството во сите случаи бара мерки притвор поради ризикот од бегство и влијание врз жртвите, правната фела предупредува на еден клучен аспект за заштитата на идентитетот на децата. Во ера на социјални мрежи Чаловска предупредува секундарната виктимизација може да биде погубна и да ги обесхрабри идните жртви да пријават насилство. 

Експертите апелираат и на будност кај родителите. Наместо страв од казна, децата треба да имаат доверба да пријават доколку станат мета на уцена.