Реконструкција на водоводната мрежа во Кочани
Инвестициската активност во делот на изградбата и реконструкцијата на водоводната мрежа во општина Кочани ќе продолжи и наредната година. Во Програмата за инвестирање во системите за водоснабдување за идната година, подготвена од општина Кочани за планираните зафати реконструкција на постојната и изградба на нова, ќе бидат потребни околу 2 милиони денари.
Во програмата за изградба на системите за водоснабдување во 2017 година, истакнуваат од Одделението за комунални дејности во Општина Кочани, веќе е изготвен проект во кој е дадена вкупната вредност на инвестицијата за територијата на целата општина, вклучувајќи ја и ниската зона во градот. Според планот за изградба на нова водоводна мрежа во централното градско подрачје се предвидува дека ќе бидат потребни 300.000 денари.
За решавање на проблемите со водоснабдувањето на улиците „Плачковица“ и „Гошо Викентиев“, истакнуваат од Општината, за догодина е планирана реконструкција на водоводната мрежа за што ќе се наменат околу 1 милион и 200 илјади денари. Исто така се предвидува изградба на водоводна мрежа и на други локации низ градот и населените места во општината, за што граѓаните веќе платиле надоместок за уредување на градежно земјиште, а за што се предвидени 300.000 денари. Останатата сума од 200 илјади денари, пак, ќе се инвестира за набавка на водоводни црева за водоснабдување за селата во планинскиот дел.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на Агро-бизнис комората при ССК
-
ВМРО-ДПМНЕ: Ние сме партнер на младите
-
Балистите скандираа “Голема Албанија”, функционерите не ги осудија
-
Ќе се подобрат ли условите во болницата во Бардовци по фаталната тепачка?
-
Гаши ќе ги распише изборите петок или сабота, очекува фер и демократска атмосфера
-
МНР без предлог за амбасадор во Атина, во моментов 24 амбасадорски места се празни
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски да даде оставка
-
СДСМ: Младите спасот го гледаат надвор