Реконструкција на улицата „Гоце Делчев“ во Кичево
Во Кичево ќе се реконструира улицата „Гоце Делчево“ што ја поврзува старата чаршија со улицата „11 Септември“.
Како што најави градоначалникот Фатмир Дехари улицата ќе биде проширена, ќе се постават нови тротоари, вертикална и хоризонатална сообраќајна сигнализација, ново осветлување и хортикултурно ќе се уреди.
Сите предвидени процедури се завршени и се очекува по летните одмори да започне да се реализира оваа инвестиција на општината.
Со реконструкцијата на овој пат комплетно се завршува реконструкцијата на главните улици во строгиот центар на градот Кичево кои се реновирани со средства од општинскиот буџет.
Покрај овој пат Дехари најави дека ќе следува реконструкција и изградба и на други помали инфраструктурни објекти не само во градоското подрачје, туку и во руралните средини на целата територија на општината.
Како поголема инвестиција во руралниот дел е изградбата на канализациската мрежа во должина од 106 км во вредност од околу 13 милиони евра, со средства од ЕУ, односно од ИПА 2 фондот. Со оваа инвестиција или пак со овој проект се предвидува изградба на канализациска мрежа чија должина ќе се протега од село Србјани до село Зајас и од Кичево до село Премка.
Ново на Сител
-
Бројот на заболени од грип во Струмица годинава речиси двојно поголем во споредба со истиот период лани
-
Намаленото ниво на езерото ги загрижи еколозите
-
Дрвокрадство во Прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Зошто храната е скапа?
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни