Николоски: Поголем проблем во судството од корупцијата е немањето морал и однос кон јавноста
Иницијативата за распуштање на Судскиот и Обвинителскиот совет е само првиот чекор кон подобрување на ситуацијата, со цел да се врати довербата во судството и да се подобри правдата во земјата. Недостигот на морал и одговорност во судскиот систем го прават овој проблем уште посложен, изјави вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
- Во моментов судството е најслабиот дел од општеството. Ние можеме цела Македонија да ја изградиме, да имаме десетици проекти, но луѓето бараат правда и очајно ја бараат правдата. Тие не прават разлика помеѓу властите, затоа што извршната власт, во која што сме ние, и судската се одвоени, но затоа што нас не не избираат на избори, одма бараат решение. Самото тоа што довербата е 2 отсто, тоа е на ниво на статистичка грешка, многу кажува. Тоа се луѓе кои што исто се занимаваат со јавен живот. Јас да би имал 2 отсто поддршка, би ми било срам на улица да излезам, а камоли да се занимавам со јавна работа, истакна Николоски во гостувањето на Тема на денот на Сител телевизија.
Николоски нагласи дека членовите на Судскиот совет треба да поднесат оставка, бидејќи се избрани од Собранието, а поддршката за нив, како што вели, доаѓа од коалицијата СДСМ-ДУИ и додаде дека неоправданиот отказ на оставки покажува дека членовите на Судскиот совет, вели, немаат морал и одговорност кон јавноста.
- Во моментот кога ние ја поднесовме оваа интерпелација, очекував членовите на Судскиот совет да поднесат оставка, затоа што тие се бирани од Собранието. Ние не поднесовме првиот ден по формирање на Владата, оставивме да видиме како ќе работат. Тие кои што ги поддржуваат, тоа е коалицијата СДСМ-ДУИ. Оваа коалиција која не ги поддржува, тоа е коалицијата ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ, има 78 пратеници и многу јасна е разликата. И кога видоа дека ние поднесуваме интерпелација, очекував попладнето да поднесат оставки, но и со тоа што не поднесоа оставки покажаа дека немаат никаков морал, никакво чувство за одговорност кон јавноста и затоа е состојбата ваква каква што е, изјави Николоски.
Според него, најголем проблем во судството е недостатокот на морал и однос кон јавноста, што ја прави ситуацијата неодржлива.
- За мене поголем проблем во судството од корупцијата е немањето морал и однос кон јавноста. Со ова покажуваат, и ова е причина плус, таа интерпелација побрзо да заврши и да најдеме начин потоа да си одат, затоа што е неодржливо ова што се случува во државата. Масовно луѓе ја напуштаат државата, не од економски причини, туку затоа што нема правда. Не знам како не им е срам да продолжат да седат на тие позиции, истакна Николоски.
Тој истакна дека судството во земјава не ги исполнува своите задачи и дека состојбата е очајна. Според него, оваа иницијатива на премиерот Мицкоски е важен чекор, бидејќи без правда луѓето нема да се чувствуваат безбедно во земјата.
- Ние предложивме целосно распуштање на Судскиот и Обвинителскиот совет, до денес подобра понуда не добивме. Ова е прв чекор во реализација на тоа што го ветуваме. Судството во Македонија мора да одговори на задачата, во моментов не е така, состојбата е очајна и мора итно да бараме решенија. Ова е проблем број еден и мислам дека е добро што премиерот Мицкоски ја потегна оваа иницијатива, го почувствува пулсот на народот, и мора да најдеме решенија. Ние можеме сите проекти да ги завршиме, ако нема правда во Македонија, луѓето нема да се чувствуваат пријатно во сопствената држава, заклучи Николоски.
Ново на Сител
-
Излезни анкети од изборите во Косово: ВВ на Курти 38,2%, ПДК на Красниќи 22,4%, ЛДК на Абдиџику 20,1%, ААК на Харадинај 7,6%
-
Трамп очекува Маск да открие злопупотреби во Пентагон вредни милијарди долари
-
Две лица од Долно Јаболчиште приведени за поседување оружје и муниција
-
Парламентарни избори во Косово: Одѕивот до 15 часот 23,38 отсто, не се забележани сериозни инциденти и нерегуларности
-
Приведен дилер во Скопје
-
Провалил во стан и со закани грабнал лице кое му должело пари - притвор за 56-годишен скопјанец
-
Детектор анкета: Мерките за замрзнување на цените не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата
-
Санкционирани 549 возачи во Скопје, 187 за брзо возење