Реконструкција на училишниот објект во Горно Нерези
Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска изврши увид во реконструкцијата на училишниот објект во Горно Нерези, кој претставува дел од основното училиште „Братство“ во населбата Тафталиџе 2.
Општината со сопствени буџетски средства ќе изврши целосна реконструкција на внатрешноста на објектот кој датира од 1937 година. Ќе се оспособат училници и ќе биде опремена и канцеларија за наставниот кадар. Реконструкцијата на училиштето во Горно Нерези ќе чини околу 90.000 евра, а изведувач на градежните работи е фирмата „Мастаф“.
- Во општина Карпош постојат десет основни училишта. И покрај тоа што надлежното министерство треба да биде одговорно за одржување, ние во изминатите години извршивме целосна реконструкција, реновирање и подобрување на просторот во сите училишта. За оваа намена сме одвоиле околу 7 милиони евра, средства од буџетот, рече Јакимовски.
Тој нагласи дека со мало задоцнување, од 20-ти септември се очекува да почне наставата за учениците во реконструираното училиште.
Ново на Сител
-
Маж од радовишко паднал од трактор и бил прегазен, приведен возачот на тракторот
-
Приведени 12 лица, при претрес на возила пронајдена е дрога
-
Две лица под истрага за грубо насилство во скопско Орешани
-
Кина предлага создавање меѓународна организација за вештачка интелигенција
-
Трамп пристигна во Шкотска, најави средби со Стармер и Фон дер Лајен
-
Во Скопје денеска и утре авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци
-
Беровскиот кризен штаб го повика населението доброволно да се вклучи во гаснење на пожарот на планината Готен
-
Камбоџа, пред СБ на ОН, побара итно примирје во конфликтот со Тајланд