-->
-->
Реконструкција на кривипаланечкото училиште „Илинден"
-->

Заврши реконструкцијата на санитарните јазли во западното крило на централниот објект на основното општинско училиште „Илинден" во Крива Паланка, а се работи на реновирање простории и дел од спортската сала во подрачните училишта во село Конопница и село Мождивњак.
- Комплетно се реновирани преостанатите, четири санитарни јазли во западното крило, со вкупна површина од 130 метри квадратни. Поставени се нови плочки, санитарии и заменета е старата дотраена столарија. Вредноста на тендерот е 1,6 милиони денари, средства од сопствениот буџет на училиштето. Периодов се работи на реновирање на гардероберите во училишната сала во подрачнито објект во село Конопница и се репарира дел од спортската сала во Мождивњак, изјави директорот на ООУ „Илинден“ Оливер Дејановски.
Од понеделник ќе бидат реконструирани и санитарните јазли во постојната спортска сала на централнито училишен објект, а подоцна, се очекува да се изврши и реновирање на салата.
- Тековно се вршат неопходните подготовки за претстојната учебна 2017/2018 година во која се запишаа вкупно 74 првоодделенци. Бројот е намален за речиси 30 во однос на минатата година кога настава во четирите објекти на Илинден посетуваа 102 првачиња. Се надевам овој тренд ќе се промени, а белата чума нема да зема замав, информира Дејановски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Македонските ракометари на мегдан против Португалија
-

АХВ со вонредни контроли во маркети и хипермаркети
-

Затвореници во Гватемала преземаа контрола врз три затвори, држат 46 лица како заложници
-

ЕУ за царините на Трамп: Европа ќе остане обединета во зачувувањето на својот суверенитет
-

Денеска е Водокрст - навечерие на Богојавление
-

Променливо облачно, слаби локални врнежи од дожд и снег
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
