Реката Брегалница порибена со крап
Здружението на спортски риболовци (ЗСР) „Брегалница“-Штип денеска изврши порибување на реката Брегалница со сто килограми крап.
Секретарот на ЗСР „Брегалница“, Благој Димитров рече дека риболовците денеска порибувањето го извршија на локацијата Калимерово, под мостот на реката Брегалница во близина на бањата „Кежовица“.
- Денеска е извршено порибување на Брегалница, согласно риболовната основа, концесија и договор за порибување. Риболовниот материјал е од „Акватика“-Неготино и имаме околу сто килограми крап со тежина од 100 грама по парче, рече Димитров.
Тој апелира во наредните десет дена риболовците да се воздржат од рибарење по течението на реката Брегалница. Според Димитров намалениот водостој во овој период не се одразува врз рибниот фонд, а засега единствен проблем им е загадувањето на реката.
Рибочуварската служба на ЗСР „Брегалница“-Штип е постојано на терен, со што, вели тој, рибокрадството е намалено.
Ново на Сител
-
Две лица од Неготино криумчареле седум мигранти, меѓу кои пет малолетници
-
Последни седум дена од изборната кампања, партиите со ветувања за подобар живот на граѓаните
-
Израелската влада го одобри договорот со Хамас
-
Седумгодишно дете загина во руски напади во областа Запорожје
-
Без вода дел од корисниците на булеварите „Илинден“ и „ВМРО“
-
Дуел со Белгија за првото место во групата
-
САД преместуваат 200 војници во Израел за да го чуваат мирот
-
Уште денеска пријавување на немоќни и болни лица за гласање на локалните избори