Реката Брегалница порибена со крап
Здружението на спортски риболовци (ЗСР) „Брегалница“-Штип денеска изврши порибување на реката Брегалница со сто килограми крап.
Секретарот на ЗСР „Брегалница“, Благој Димитров рече дека риболовците денеска порибувањето го извршија на локацијата Калимерово, под мостот на реката Брегалница во близина на бањата „Кежовица“.
- Денеска е извршено порибување на Брегалница, согласно риболовната основа, концесија и договор за порибување. Риболовниот материјал е од „Акватика“-Неготино и имаме околу сто килограми крап со тежина од 100 грама по парче, рече Димитров.
Тој апелира во наредните десет дена риболовците да се воздржат од рибарење по течението на реката Брегалница. Според Димитров намалениот водостој во овој период не се одразува врз рибниот фонд, а засега единствен проблем им е загадувањето на реката.
Рибочуварската служба на ЗСР „Брегалница“-Штип е постојано на терен, со што, вели тој, рибокрадството е намалено.
Ново на Сител
-
Штипјанец возел со 3,02 промили алкохол во крвта и удрил во друго возило
-
Муцунски на состанокот во рамки на Берлинскиот процес
-
Во станот во Белград во кој загина Македонецот Мартин Сипковски имало 1.5 кг експлозив
-
Почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци и пратеник
-
Претрес во дом на струмичанец, пронајдени 300 грама марихуана и засадено стебло канабис
-
Од 1 јануари Србија ќе воведе национален данок на CO2
-
Во Кривичен денеска треба да биде објавена пресудата против три лица за дивите депонии во Вардариште
-
Кривична за злоупотреби и малтретирање против две сопственички на приватни установи за сместување стари лица