Регуларно се одвива сообраќајот на ГП Евзони-Богородица

Грчката полиција не им дозволи на земјоделците да го затворат граничниот премин Евзони (Богородица) со Северна Македонија, кои со тракторите и пеш планираа вечерва, на два часа целосно да го блокираат сообраќајот, јави дописничката на МИА од Атина.
Според информациите на МИА од надлежните, сообраќајот, како за автомобили, така и за товарни возила и за влез и за излез од Грција се одвива регуларно.
Новата блокада на граничниот премин беше закажана за вечерва од 19 до 21 часот по локално, односно од 18 до 20 часот по македонско време, а намерата на земјоделците беше да ги затворат сите точки за влез и излез од Грција на конкретниот граничен премин кон нашата земја.
Според грчката телевизија „Скај“, заедно со полицијата на границата пристигнал и обвинител за да ги информира земјоделците за евентуалните последици во случај да постават блокада.
Граничниот премин е отворен, а земјоделците, кои на Евзони се со нивните трактори, револт го изразија со палење пиротехнички средства.
Земјоделците од цела Грција во текот на денешниот ден одржуваат состаноци на кои ги информираат нивните колеги за вчерашната средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а за утре напладне е закажана заеднички состанок на сите земјоделци за да ги одредат нивните следни чекори.
Со оглед на тоа дека првичните реакции по разговорите со Мицотакис се дека не биле исполнети сите нивни барања, се поверојатно е дека ќе се интензивираат протестите и блокадите.
Ново на Сител
-

Македонското знаме се крена над Њујорк
-

Перница врз лицето и удари по главата: 28-годишна жена се обидела да ја убие бабата на сопругот
-

Две лица од Радовиш произведувале и продавале мраз со бактерии, запленети 850 килограми
-

13-годишник нападнат од родител на негов соученик во Аеродром, заврши во болница
-

Ужас во Тетово: 62-годишник силувал дете кое не наполнило 15 години
-

Македонија со три светски шампиони: Калин и Томи освоија злато, вкупно пет медали од СП во кикбокс
-

Во Њујорк одбележана 35-годишнината од независноста
-

Андоновски: Нов Центар за услуги за граѓаните на Кочани, се олеснува пристапот до услугите на институциите
