Регистрирани 1.600 заболени од грип во државава
– Во текот на изминатата недела (од 20 јануари до 26 јануари) во државава се регистрирани 1.600 заболени од грип, што е зголемување за 45,5 отсто споредено со неделата пред неа кога беа регистрирани 1.100 заболени, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Оваа недела во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ, пристигнати се 57 материјали за тестирање на грип. Од тестираните материјали, 34 се позитивни за присуство на вирусот на инфлуенца – кај 25 е детектиран тип А (17 A/H1pdm, пет A/H3 и три несубтипизирани), а девет се со инфлуенца тип Б (три Victoria и шест неодредена линија).
Најголем број случаи (954) се пријавени во најголемата возрасната група – лица од 15 до 64 години, додека највисока инциденца од 200,5 на 100.000 жители е регистрирана кај децата на возраст до четири години.
Оваа недела пријавени се случаи од 24 извештајни единици, од кои во 17 инциденцата е над неделната граница на сезонската активност. Најголем број случаи се пријавени од подрачјето на Центарот за јавно здравје Скопје (286), додека највисока инциденца е регистрирана на територијата која ја покрива Подрачната единица Дебар (428,8 на 100.000 жители) со 119 пријавени случаи.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за интерпелацијата на Коцевски, дали државниот Јавен обвинител ќе биде разрешен?
-
Утре состанок на социо-економскиот совет, ССМ ќе бара зголемување на платите за 6000 денари
-
Министерката Јаневска и премиерот на увид во градежните работи во студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу
-
„Вкуси го Охрид локално – Празник на локалната храна, културата и занаетчиството
-
Штип „безбеден град“ – инсталација на 24 часовен видео надзор
-
Преглед на вестите од светот
-
Собранието утре ќе одлучува за интерпелацијата на Коцевски
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ