Регистрирани 105 нови случаи со морбили, досега вакцинирани 27.000 лица низ државата
Заклучно со денешниот ден се регистрирани вкупно 105 нови случаи на морбили, од кои 49 во Скопје, а 56 во другите градови низ државата. Вкупно досега со ова заболување се регистрирани 1.625 пациенти, информираше денеска д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, член на Комисијата за заразни болести во рамки на Министерството за здравство.
Според него, ова е најголема бројка на заболени од морбили во последните 25 години. Во однос на најновите 105 случаи, Караџовски потенцираше дека 77,1 процент се невакцинирани лица, вакцинирани само со една доза или лица за кои воопшто нема податок за вакцинален статус.
– Досега вкупно 27.000 лица се вакцинирани од почетокот на епидемијата, меѓутоа уште 15.600 лица се подложни на вакцинација, чувствителни на вирусот, а досега не се вакцинирани. Токму затоа, како епидемиолог, апелирам да се продолжи со вакцинацијата, истакнал д-р Караџовски.
Министерството за здравство денеска соопшти дека од медицинскиот персонал досега се вакцинирани вкупно 1.246 здравствени работници.
Ново на Сител
-
УХМР најавува постудено време со слаб снег
-
Продолжи судењето за убиството на Вања и Панче, Обвинителството презентира докази од видео материјали
-
Калас: На трговска војна меѓу САД и ЕУ „ќе се смешка“ Кина
-
Вучевиќ: Протестите се можност за опозицијата која сака да ја отцепи Војводина
-
Се проширува истрагата во „Адитив“, осомничени осум нови лица, а тројцата претходно осомничени се товарат и за перење пари
-
Спасен повреден планинар кај кичевско Лавчани
-
ВМРО - ДПМНЕ, ЗНАМ и „Вреди“ поднесоа барање во Собранието за јавна расправа за законски измени за зајакнување на безбедноста во сообраќајот
-
Герасимовски: Контејнерите преполни со ѓубре, Град Скопје не исчисти ниту викендов