-->
-->
Регистриран првиот случај на сојот Омикрон во земјава
-->
Министерството за здравство информира дека во Република Македонија, денеска е детектиран првиот случај на сојот Омикрон на вирусот SarsCoV2.
„Секвенционирањето е направено во приватната болница Жан Митрев во Скопје, кај маж кој во земјава допатувал од Велика Британија. Станува збор за реинфекција, односно пациентот во јануари 2021 година ја имал прележано болеста и тогаш бил асимптоматски. По прележувањето на болеста, пациентот примил две дози од вакцината Фајзер. По втор пат позитивен тест на Ковид-19 има од пред 2 дена, по што е потврдено дека е сојот Омикрон“, велат од МЗ.
Како што информираат од МЗ во моментот пациентот има лесна клиничка слика и се лекува во изолација во својот дом.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Наставник во средно училиште во Чаир нападнат од свој поранешен ученик
-
Тетовчанец, управител на приватна фирма, измамен за сума од 145.360 долари
-
Потешкотии во мобилната телефонија на А1
-
Едно лице почина откако со товарно возило излетало од патот и се забило во заштитна ограда
-
27-годишен кавадарчанец физички ја нападнал својата баба
-
Откриен идентитетот на двете жртви од вчерашната сообраќајна несреќа
-
Претрес во Битола, пронајдена марихуана
-
Лице од демирхисарско ја запалило плевната на свој соселанец