Регионот уште се тресе по двата охридски земјотреси, регистрирани нови потреси
Земјотрес со јачина од 3,8 степени по Рихтерова скала денеска ја погоди Црна Гора, но не е причинета материјанла штета додека уште два земјотреси утрово ја тресеа охридската област, но нема извештаи за материјална штета.
Во републичкиот сеизмолошки завод велат дека никој не им јавил дека почувствуал земјотрес и додаваат дека тоа не е земјотрес што предизвикува оштетувања.
Инаку, Сеизмолошкиот завод на Црна Гора соопшти дека земјотрес е регистриран во 9.54 часот утрово со епицентар на 5 километри јужно од Дреновштице, а неговата јачина била 3,8 степени по Рихерова скала, што одговара на епицентрален интензитет од 5 степен по Меркалиева скала.
Во Македонија земјотресите ги регистрираше Сеизмолошката лабораторија на ПМФ,а епицентрите се лоцирани меѓу градовите Охрид и Ресен.
Интензитетот на првиот земјотрес е 3,1 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на длабочина од пет километри, додека вториот е со интензитет од 2,5 степени, лоциран на два километри во земјината кора.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер
-
Договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Експертите ја поздравуваат најавата за инвестиции
-
Зоврива албанскиот блок со заострена реторика пред локалните избори
-
Загрижувачки 30 проценти од бремените жени се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии
-
Инциденцата и преваленцата на малигни заболувања кај пациентите од истокот е во пораст
-
Преглед на вестите од светот
-
Стартува инвестиција на „Шахтерм“ - Турска фабрика за греачи за бела техника