Македонија
3. јуни 2026 - 12:13
Викендов во знакот на Охрид трчаТ
Викендов Охрид во знакот на големата спортска манифестација. Две илјади и 700 тркачи од 31 држава ќе учествуваат на 10то издание на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ што од 5 до 7 јуни се одржува во Охрид. Според организаторот, ова е најголема бројка на учесници досега, а рекорден е и бројот на странски учесници во трките.
При крај се подготовките за големата маратонска и рекреативна трка со која се издигнува Охрид високо на спортската мапа.
Организаторите посочуваат дека „Охрид трчаТ“ има длабока вредност за локалната заедница, не само заради тоа што го промовира здравиот начин на живот, туку и затоа што директно влијае врз локалната економија, преку исполнети сместувачки капацитети, посетени ресторани, локални бизниси.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
