-->
-->
Регионална обука за користење средства од ИПА програмата
-->

Во Берово денеска завршува обуката за зајакнување на капацитетите на земјите кориснички на средствата од ИПА програмата.
Како што информираат од Општна Берово, обуката е организирана од страна на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување при Европската комисија, а темата е „Зајакнување на улогата на ревизорските тела и канцелариите за поддршка на НАО“, на земјите кориснички на средствата од ИПА.
Од Општината потенцираат дека целта е и да се дадат генерални насоки за обезбедување на предизвиците со кои овие институциите се соочуваат при преминот од Програмата ИПА1 кон ИПА 2 Програмата.
На семинарот присуствуваа повеќе од 100 учесници од соодветните институции од земјите од регионот, како од Македонија, Србија, Турција, Црна Гора и Албанија, исто така и експерти/предавачи од неколку земји, меѓу кои и од Македонија, Германија, Бугарија, Хрватска, Турција и предавачи од ЕК.
Присутните учесници на семинарот се запознаа и со проектот „Обновување на природата за подобар квалитет на животот“ реализиран во Берово со средства од фондовите на ИПА, преку кој е реконструиран кејот на реката Брегалница.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Големиот пожар кај Струмица е ставен под контрола
-

Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон
-

Ангелов: Ова е еден од најтешките денови, активни се над 15 пожари на отворен простор
-

Во гаснењето на пожарот кај Струмица се вклучи и еден ер трактор
-

Ѓорѓиевски: Запуштениот тревник на плоштад ,,Македонија” станува мала зелена оаза
-

СВР Скопје и ДЗС со превентивна акција за заштита од пожари во Чучер Сандево
-

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега
-

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти
