Регионална конференција за справување со трговија со луѓе долж миграциската рута

Ранливоста на мигрантите, како и причините за трговијата со луѓе поврзани со миграциските движења беа темите за разговор на денешната Регионална конференција насловена „Унапредување на соработката и заеднички пристап во справувањето со трговијата со луѓе долж Западно-балканската миграциска рута“ организирана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Според шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје Нина Соумалаинен трговијата со луѓе е појава со прекугранични и меѓународни финеси и само на тој начин може да и се спротивстави, односно со организирање вакви конференции.
- На преминот на векот оваа појава стана позната како големо зло која се распространи секаде низ светот. Ми се чини дека сега повторно ја крева главата. Знаете дека траеше и се уште трае во тој голем прилив на бегалци и мигранти на континентов, така што овој проблем се јавува со голема зачестеност, истакна Соумалаинен.
Нагласи дека координацијата на мерките е од големо значење и дека токму затоа денеска се тука националните координатори за да се изнајде заеднички начин за да им се помогне, да се заштитат и да се идентификуваат жртвите, а и да се гонат сторителите.
Огромен бегалски бран е во тек, рече специјалниот претставник и координатор на ОБСЕ за борба против трговија со луѓе Мадина Јарбусинова и нагласи дека ситуацијата се повеќе се усложнува.
- Во последните две години работевме на решавање на проблемот со трговијата со луѓе кој се случува долж мигрантските рути и е поврзан со самите бегалски бранови. Бројот на бегалци е огромен и проблемите се големи, а бројот на трговци со луѓе кои се фатени и се судски гонети за жал е низок. Се додека не се спротивставиме на тој проблем нема да може да најдеме решение, истакна Јарбусонова.
Според Маргарета Цедерфелт, член на парламентарното собрание на ОБСЕ од Шведска и член на Ад Хок Комитетот за миграција, нивна задача како Собрание е да ги најдат причините за иселувањето на потенцијалните жртви на трговија со луѓе.
- Најважно за нас како пратеници е да ја најдеме коренитата причина зошто тие тргнуваат на овој пат, зошто тие чувствуваат потреба од нов и да го напуштат дотогашниот живот. Понекогаш за тоа е причината војна, добра работна понуда.. но ние мораме да се обидеме да ги најдеме причините и најдобрите пракси за справување со овој проблем, потенцира Цедерфет.
Националниот координатор за борба против трговија со луѓе и илегална миграција од Скопје Сања Димитриевска информира дека оваа година во Македонија идентификувани се четири жртви на трговија со луѓе, а 35 се потенцијални жртви.
На конференцијата се очекува да биде поддржана заедничка декларација од страна на националните координатори за борба против трговија со луѓе на земјите од Западен Балкан. Декларацијата ги опфаќа досегашните достигнувања, а става акцент и на постојаните заеднички предизвици и унапредување на начините за идна соработка.
Ново на Сител
-

Хет-трик на Стефан Ристиќ за голема победа на македонската репрезентација до 17 години над Унгарија
-

Андовски: Алта банка АД Битола ги исполнувала сите супервизорски стандарди пред воведувањето администрација
-

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување
-

Културата како мост за поврзување со Јапонија
-

Мицкоски: Ваква енергетска криза немало досега, но поскапувања на струјата кај нас ќе нема
-

Казино во Кичево фатено како краде струја – со уред од црниот пазар манипулирале броила и направиле штета од 44.000 евра
-

Насилничките од Ѓорче Петров кои тераа 13-годишно девојче да јаде кучешки измет упатени во поправен дом
-

Јован од Струмица освои прво место на меѓународен шаховски турнир во Србија, победи двајца интермајстори и двајца фидемајстори
