Регионален состанок за безбедноста во воздушниот сообраќај
Зајакнување на професионалните заложби, зацврстување на соработката, градење пријателства и размена на искуства, со цел постојано да се зголемува безбедноста во воздушниот сообраќај се темите за разговор на Европскиот регионален состанок на ИФАТСЕА, Меѓународна федерација на здруженија за безбедност на електрониката во воздушниот сообраќај, кој од денеска до 11 мај ќе се одржи во Скопје во организација на Здружението на воздухопловна техника МАТТА.
Како што појаснуваат организаторите, ИФАТСЕА работи на промовирање и подобрување на безбедноста на воздушниот сообраќај во светот. На состанокот ќе се разговара и за „Воздухопловно-техничкиот кадар во светот што се менува, придонес кон безбедноста во воздухопловството“.
-Во дискусиите ќе се осврнеме на неколку клучни прашања како што се: новата европска регулатива, новите технологии и автоматизација во ATM / ANS, развојот на автоматските решенија, интероперабилноста, обуките и лиценцирањето на воздухопловно-техничкиот кадар, новите компетенции и вештини. Ќе отвориме прашања за културата и човечкиот фактор во овој значаен сегмент кој е основа на безбедната воздушна пловидба. Цел на средбата е на заедничка маса на седнат сите чинители кои придонесуваат кон воздухопловната безбедност, со цел да се најдат решенија пред состојбите да станат проблеми, истакнуваат од МАТТА.
Состанокот ќе го отвори директекторот за Европа во ИФАТСЕА Костас Кристофору, а ќе присуствуваат претставници од Европска комисија, Еуроконтрол SESAR програмата, CANSO, ATCEUC, IFATCA, претставници од Влада на Северна Македонија, домашни институции и претседателот на ИФАТСЕА, Торстен Вех.
Ново на Сител
-
Патриоти за Европа нова група во ЕП или само ново име за десничарската Идентитет и демократија
-
Папата на католичка конвенција во Трст: Демократијата во денешниот свет не е во многу добра состојба
-
Илјадници Израелци денеска протестираа на автопатот меѓу Ерусалим и Тел Авив, блокирајќи крстосници и палејќи гуми
-
Следува период на многу топло време, температурата до 40 степени
-
Грчката фрегата во Аденскиот залив интервенирала и соборила дронови
-
Русија тврди дека уништила два лансири за ракети „Патриот“ во регионот на Одеса
-
Околу 50 лица се удавија, од кои седум деца, во руските реки, езера и мориња во последните 24 часа
-
Денеска е Светски ден на чоколадото