Регионален симпозиум за новите методи и техники од офталмологијата во Скопје
Над 250 офталмолози од Македонија, Косово, Србија и Хрватска денеска во Скопје разговараа и разменија искуства за најновите методи и техники во катарактната, рефрактивната и витреоретиналната хирургија, во рамки на регионалниот офталмолошки симпозиум „Новитети во офталмологијата“.
Симпозиумот е акредитиран од Лекарска комора на Македонија, а во организација на Систина Офталмологија, дел од групацијата на универзитетската клиника за офталмологија Свјетлост од Загреб.
Медицинскиот директор и шеф на одделот за катарактна хирургија на Систина Офталмологија Златко Арнаудовски, изјави дека симпозиумот претставува убава можност офталмолозите од регионот да ги разменат своите знаења и искуства во врска со новите техники и хируршки зафати, како и примената на новите материјали во хирургијата на офталмологија.
- Одзивот е во голем број, што само покажува дека потребата од организација на вакви симпозиуми е голема и е место каде ќе ги размениме нашите искуства и подобро ќе се запознаеме меѓусебе, што се разбира ќе биде од корист на нашите пациенти, рече Арнаудовски.
Основачот и сопственик на универзитетската клиника за офталмологија Свјетлост од Загреб Никица Габриќ, рече дека денеска во Скопје е фестивал на офталмологијата, каде се покажуваат модерните достигнувања во офталмологијата во Европа и светот.
- Клиниката Систина применува таква офталмологија овде во Скопје. Македонците имаат можност денеска да добијат врвна медицина во Скопје, без да треба да патуваат во Виена, Лондон или Париз, и таквата медицина доаѓа во Скопје. Тоа е голем успех за моите колеги, но и голем успех за земјата, рече Габриќ.
Освен Арнаудовски и Габриќ, свои предавања на симпозиумот имаат специјалистите офталмолози Ратимир Лазиќ, Маја Бохач и Анте Баришиќ од Свјетлост од Загреб и Виолета Бучкоска Николовска, Билјана Костовска, Фанка Гилевска и Илир Османи од Систина Офталмологија.
Ново на Сител
-
Прегласувањето во Струга почна навреме, процесот тече непречено
-
Се прегласува во село Ларце, Општина Желино, процесот се одвива без проблеми
-
Најмногу дожд во Велес 20 литри на квадрат
-
Доналд Трамп најави правни мерки против автори на филм за неговиот живот
-
Ѓорческа елиминирана во првото коло на Ролан Гарос
-
Десетици илјади Иранци на погребот на Раиси во Техеран
-
Прегласувањето во Крушево и во Долнени почна навреме и без проблеми
-
Прегласување во седум избирачки места за Парламентарните избори 2024