Регионален бизнис натпревар од проектот Лидер
Прв регионален бизнис натпревар поддржан од Фондот за Западен Балкан ќе се одржи денеска во Белград. Натпреварот е можност за прв заеднички регионален настап на победниците на проектот Лидер од Македонија, Србија и Босна и Херцеговина Скопје.
- По успешно спроведените изданија на проектот ЛИДЕР и објавувањето на тројцата победници од Србија, Македонија и Босна и Херцеговина, наградените за првпат се стекнаа со можност за заедничко претставување на своите бизнис-идеи пред регионално и меѓународно жири, за време на Регионалниот бизнис натпревар, информираат организаторите од трите регионални локации CANSEE (Канадско- српска бизнис асоцијација), Македонија 2025 и Рестарт.
Деветте победници - Валентина Чолиќ, Јована Станковиќ и Тамара Јевтовиќ од Србија; Олга Рајчиќ, Тодор Панев и Бојана Завкова од Македонија; како и Емина Захировиќ-Пинтариќ, Али Сајед и Срѓан Мајкиќ од Босна и Херцеговина, со нетрпение очекуваат да ги презентираат своите бизнис идеи, по добивање на континуирано менторство и поддршка и стекнување на сите потребни знаења за водење на успешен бизнис.
Првиот регионален бизнис натпревар е овозможен благодарение на проектот „Зајакнување на меѓународната соработка и врски во Западен Балкан преку контакт на млади претприемачи“, финансиран од Фондот за Западен Балкан, кој е основан со цел да се финансираат мали и средни проекти од областа на образованието, одржливиот развој и човековите права во земјите од Западен Балкан.
Ново на Сител
-
Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот
-
Кои производи ќе бидат дел од просечната потрошувачка кошничка?
-
Вистинските пчелари во акција против фалсификаторите на мед
-
Охридското езеро во еколошка криза
-
Преглед на вестите од светот
-
Коалиционите партнери ги следат случувањата во „ВРЕДИ“
-
Еден месец по трагедијата во Кочани
-
Тема на денот со Ивона Тодорова од Support Kocani