Македонија
15. November 2021 - 12:20

Реџепи: Првично сакав да дојдам на седницата и да гласам против, но не бев сигурен за мојата безбедност

Првично размислував да дојдам на седницата за гласање недоверба на Владата и да гласам против, но откако видов дека владејачкото мнозинство нема да биде присутно сфатив дека ќе бидам единствен пратеник на седницата кој ќе гласа против, истакна денеска на прес-конференција пратеникот Кастриот Реџепи.

-Требаше да бидам единствениот кој гласа против нешто, против една еуфорија која толку брзо се одвиваше како филмска лента, јас не бев сигурен за мојата безбедност и интегритет, дека нема да бев цел на вербални напади, а да не зборувам и на физички, рече Реџепи.