Реџепи: Кога стигнав дома гледам фотографија со Апасиев, се збунив, нож во грб и веднаш сменив мислење
Пратеникот од Беса Кастриот Реџепи во вчерашното гостување на ТВ 21 објасни како ја донел одлуката да не гласа за недоверба на Владата. Вели дека му бил забиен нож во грб кога видел дека и Левица е дел од иницијативата.
Да, се потпишав и јас. Имаше друг договор. Имавме други ветувања. Ни рекоа дека ќе има и други пратеници. Се потпишавме и отидовме дома. Кога стигнав дома, гледам фотографија со Апасиев. Се збунив. Нож во грб. Што да зборам повеќе. Веднаш сменив мислење. Видов дека ова не оди на арно. Сам си донесов одлука. Почнав да се консултирам и со пријатели. Се исконсултирав и со странци, со претседателот на Комисијата за меѓународна соработка. Чекајте луѓе, па почнаа многу работи да ми се враќаат во глава, прво 27 април, второ дали ВМРО јасно се изјасниле за Преспанскиот договор, потоа ми текна дека Левица се анти-НАТО и анти-ЕУ ориентирани, и си велам оваа работа не ја бива, рече Реџепи.
Ново на Сител
-
Складовите на Македонски шуми претворени во депо за стари и хаварисани возила
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Нов протестен марш во Скопје
-
Двојни стандарди за ЕУ интеграции
-
Младите помеѓу реалноста и можностите
-
Протестен марш во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски штител лични интереси
-
Новата комора на трговци утре до владата ќе ја прати листата со продукти кои треба да поевтинат