Редовна седница на Владата
Владата на Република Македонија денеска ќе одржи редовна седница на која меѓу другото ќе се расправа по предлог-законите за изменување и дополнување на Кривичниот законик, Законот за судовите, и на Законот за Судскиот совет на Република Македонија, и за Предлог-законот за извршување на санкциите и Предлог-законот за прекршоци, како предлози на Министерството за правда.
На седницата, како што соопшти владината прес служба, на предлог на Државниот завод за статистика, ќе биде разгледана Предлог- програмата за изменување и дополнување на Програмата за статистички истражувања за периодот 2018-2022 година.
На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на седницата денеска ќе биде разгледана и Предлог- програмата за дополнување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2018 година.
На оваа своја седница Владата на РМ ќе ја разгледа информацијата во врска со донесување на Стратегијата за развој на женското претприемништво во Република Македонија, 2019 – 2023, со Предлог-стратегија и Акциски план.
На денешната седница Министерството за локална самоуправа ќе ги презентира информациите во врска со Одлуката за престанок на мандатот по сила на закон на градоначалниците на општината Ново Село, општина Дебар и ќе информира за иницирање постапка за распишување избори за градоначалник во овие општини.
Како предлог на Министерство за труд и социјална политика на седницата на владата ќе биде разгледана информацијата за реализираните активности за времено згрижените лица и создадените можности за самостојно домување на истите, како и информацијата за потпишување на меморандум за соработка за обезбедување ефикасна и координирана соработка во спроведувањето на заедничка медиумска кампања за промовирање на стручните занимања и можностите за стручно образование во Македонија во периодот 2018-2021 година.
Град Скопје, на оваа седница ќе достави до Владата информација во однос на Нацрт планот за унапредување на велосипедскиот сообраќај 2018-2021.
На својата редовна 106-та седница, Владата на РМ, ќе ја разгледа и информацијата за склучен Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Македонија, претставувана од Министерството за образование и наука и Швајцарија, претставувана од швајцарската Агенција за развој и соработка за реализацијата на проектот Образование за вработување во Македонија (Е4Е@mk).
Ново на Сител
-

Герасимовски: Нови дигитални услуги за паркирање во Центар , апликации, сензори и помалку чекање на шалтери
-

Македонскиот првак Вардар против фински КуПС на стартот од квалификациите на ЛШ
-

Руте: НАТО ќе инвестира околу 40 милијарди долари во одбрана од дронови во наредните пет години
-

СП 2026: Роналдо го одигра последниот натпревар на Светско првенство
-

МВР: Средношколците кои ќе аплицираат за Средното полициско, не треба да се отпишуваат од училиште
-

Сателитска снимка од Охридското и Преспанското езеро
-

Скопјани прават најмногу отпад: Македонското „малку ѓубре“ е сепак голем проблем
-

Редок природен феномен во Албанија: Вулкан од кал се појави кај Белш

