„Рециклираме и се наградуваме“ - акција во Ѓорче Петров
Општината Ѓорче Петров во соработка со компанијата „Елколект“ од денеска ќе почне да ја спроведува акцијата „Рециклираме и се наградуваме“.
Целта на акцијата е да се подигне јавната свест за потребата од собирање и рециклирање на електронски отпад, имајќи предвид дека овој отпад во себе има опасни материјали штетни за човекот, како и забраната да се фрла по контејнери заедно со комуналниот отпад.
Граѓаните, како што велат од општината, кои имаат неупотребливи електрични апарати, компјутери, монитори, телевозори и правосмукалки, својот опасен отпад може да го употребат за купон за учество во наградната игра.
Потенцијален добитник на една од трите награди: Лап-топ ХП, Телевиизор „Хундаи“ лед и правосмикалка „Горење“, е секој полнолетен граѓанин кој за времетраењето на наградната игра ќе достави електричен или електронски отпад на локацијата каде е поставен црвениот еко-магацин на „Елколект“.
Во општината Ѓорче Петров, еко - магацините на „Елколект“ се поставени во дворот на општината Ѓорче Петров и кај забавното игралиште пред мостот кон Волково, а отпадот може да биде оставен секоја сабота во неделата.
За секој поединечен апарат, учесникот ќе добие по еден купон, а пак одредени видови опрема како големи домашни апарати, опрема за информатичка технологија и телекомуникација, електричен и електронски алат носат и по два купона.
Акцијата започнува денеска, а извлекувањето на наградите е на 19-ти декември. Резултатите од извлекувањето ќе бидат објавени на веб страниците на „Елколект“ и општината Ѓорче Петров.
Ново на Сител
-
„Нeшто што ќе остане“ на 13 септември во Паркот на франкофонијата
-
Депонијата Дрисла се уште гори, густ чад се шири во пошироката околина
-
Жена од кавадаречко предизвикала пожар на отворено палејќи стари предмети
-
Турчин тешко повреден додека работел во фабрика во неготинско
-
Нестабилно време со повремен дожд и грмежи до крајот на неделава
-
Жена од Штип удрена од возило без возач кое само тргнало од паркинг местото
-
Нова германска донација за пожарникарите доброволци на ДПД Кoчани
-
По пошта од Канада во Грција им стигнале 62 килограми канабис – уапсени две лица