ОН: Речиси половина милион Сиријци се вратиле во родните места оваа година
Речиси половина милион Сиријци се вратиле во своите родни места од почетокот на годината, вклучувајќи над 440.000 раселени во самата Сирија и повеќе од 31.000, кои избегале во соседните држави, соопшти денеска Високиот комесаријат за бегалци на ОН.
Според податоците на УНХЦР, повеќето луѓе се вратиле во Алепо, Хама, Хомс и Дамаск, пренесува ДПА.
- Ова е значаен тренд и значителен бро", рече портпаролот на Комесаријатот Андреј Махечич.
Според него, повеќето луѓе се враќаат за да го проверат својот имот и да ги побараат своите роднини. Во некои случаи, бегалците се враќаат поради подобрување на безбедноста или чувство за такво подобрување.
- Високиот комесар смета дека се уште не постојат услови за безбедно и достојно враќање на бегалците во Сирија, иако тековните напори на ОН да посредува за постигнување мир даваат извесна надеж, рече портпаролот.
Според него, не е сигурно дали ќе продолжи намалувањето на насилството во областите во кои се враќаат луѓето. Тие имаат тешкотии во секојдневниот живот, соочени се со недостиг на храна, недостиг на јавни услуги и уништени училишта.
Сегашниот тренд на враќање е мал во споредба со бројот на лицата кои си заминале..
Околу 6,3 милиони луѓе се раселени во Сирија, пет милиони во соседните земји и Северна Африка, а скоро 900.000 аплицираат за азил во Европа.
Ново на Сител
-
Возеле 160 на место каде што е дозволено 80, уапсени четири лица во гостиварско
-
Променливо и нестабилно време со повремен дожд и во наредните денови
-
Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат
-
Од 968 сообраќајни прекршоци вчера, 636 за брзо возење
-
Бројот на одобренија за градење во март зголемен за 4.0 %, а на предвидената вредност на објектите за 244.2 %
-
Приведен кумановец за поседување дрога, при претресот на домот констатирале и дека краде струја
-
Преброени 31,07 отсто од гласовите на албанските избирачи, во убедливо водство партијата на Рама
-
Реални се шансите за раст меѓу 3,5 и 4 отсто во првиот квартал, смета Мицкоски