Свет
4. October 2017 - 14:20

Речиси 78 отсто од мигрантите од Шведска престојуваат во земјата незаконски

Речиси 78 отсто од мигрантите кои треба да ја напуштат Шведска, откако добиле негативен одговор од властите за азил, се кријат и продолжуваат да престојуваат во државата, соопшти полицијата.

- Тоа значи дека ние сме принудени да оделиме повеќе време и ресурси за потрага по тие луѓе, изјави Патрик Енгстром, шеф на пограничната полиција во чија јурисдикција е депортирањето мигранти.

Полицијата оваа година постапила по 17.258 случаи за протерување. Во 12.338 случаи мигрантите се кријат од властите.

Во првата половина од 2017 година полицијата депортирала 2.088 луѓе.