Пожарот во Атика се уште беснее - Драмата во Грција не запира
Пожарот што избувна во неделата на североистокот на Атика, на 35 километри од Атина, се уште беснее, а пожарникарите во текот на ноќта безуспешно се обидуваа да го локализираат.
Должината на огнениот фронт е 20 километри, а жителите на локалните населени места се предупредени да се подготват за евакуација, пишува Катимерини.
Грчката полиција (ЕЛАС) апелираше до граѓаните да избегнуваат какво било движење кон подрачјата зафатени од пожарите и заради сопствена безбедност да се придржуваат до издадените упатства за евакуација на подрачјето.
Исто така, апелираше до граѓаните да се овозможи непречено движење на противпожарните возила.
Освен населбите, поради пожарот евакуирани се и Детската болница и Воената болница во Пантели.
Евакуирани се и манастирот Свети Ефрем во регионот на Анадолија, како и манастирот Пентели.
Во гаснењето на пожарот се вклучени околу 1.000 пожарникари, професионални и доброволни, како и локални жители, како и околу 35 авиони, пишува порталот Товима.
Пожарот, кој избувна околу 15 часот во неделата, брзо напредуваше кон езерото Маратон, важен резервоар што ја снабдува Атина со вода, изјави полковник Василис Ватракојани, портпарол на противпожарната служба.
Се уште не е познат бројот на оштетените куќи.
Ватракојанис рече дека ветровите достигнуваат ураганска сила во областа на пожарот, а пламените јазици биле високи повеќе од 25 метри. Небото над Атина се затемни со густ чад.
Ново на Сител
-
Превентивни активности за безбедно патување во летни услови
-
Мицкоски: Будно ја следиме состојбата со Иран и Израел, активиран е кризен штаб во МНРиНТ
-
Кац: Техеран ќе гори ако продолжат иранските напади врз Израел
-
Велешанец нападнал малолетничка и се заканувал на полицијата - моментално е во бегство
-
42-годишник од Виница возел со 2,99 промили во крвта, се превртил на патот
-
Убиени уште двајца виско рангирани ирански генерали
-
Неколку земји на Блискиот Исток повторно го отвораат водушниот простор за цивилен сообраќај
-
Тешко повреден скопјанец откако излетал од пат со возило