-->
-->
Речиси 400.000 Ирци останаа без струја поради бурата Дара
-->
Речиси 400,000 жители на Ирска синоќа останаа без струја поради невремето „Дара“, кое го прекина снабдувањето со електрична енергија на десетици илјади домаќинства и во Велика Британија, јави Ирската радио и телевизија (РТЕ).
Според информациите од метеоролошката служба, во голем број окрузи, меѓу кои и Голвеј, забележани се налети на ветер со брзина до 141 км/ч.
Од повеќе места има извештаи за паднати дрвја и блокирани патишта. Промени се воведени и во движењето на автобусите и возовите. Летовите од аеродромот во Даблин до Велика Британија се откажани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Телеком го поддржа театарскиот проект Замисли нов свет
-
Преглед на вестите од светот
-
Артан Груби се повлекува од јавниот живот иако тврди дека е чист како солза
-
Уставен се подготвува за седница на која со експерти ќе се разгледува законот за јазиците
-
Одбележани 30 години соработка со УНХЦР
-
Диви свињи ги уништуваат нивите на брегот на Охридското езеро
-
Штипските студенти од УГД ќе можат да студираат во Европската Алијанса на Универзитети
-
Преглед на вестите од светот