Речиси 4.000 грчки компании во опасност да го загубат терминот Македонија од своето име или производ
Претседателот на Федерацијата на индустрии од северна Грција, Атанасиос Савакис, апелира грчките компании во чие име или производи е вклучен терминот Македонија или изведените зборови законски да го обезбедат името пред да почне со работа комисијата за трговски ознаки, согласно Договорот од Преспа, за да не се соочат со проблеми на меѓународниот пазар, но и за да не претрпат економски штети.
Говорејќи пред грчките новинари, Савакис, јави дописничката на МИА од Атина, кажал дека речиси 4.000 грчки компании ризикуваат да го загубат името, а од овие само 24 ја направиле потребната регистрација, но во европскиот регистар.
„Како што откри претседателот на Федерацијата на индустрии од северна Грција, Атанасиос Савакис, компаниите што го користат терминот Македонија дали во нивниот корпоративен идентитет или во нивните производи, ќе треба, пред да почне процесот на формирање на Комисијата што ќе ги разгледа конкретните ознаки и која е предвидена со Договорот од Преспа, веднаш да реагираат за да го обезбедат, меѓународно, нивното име“, пишува грчкиот весник “То вима”.
Според претседателот на федерацијата, потребната регистрација во светската организација во Женева, веќе ја направиле две македонски компании, а високата цена од 8.000 евра е причината зошто компаниите не го обезбедиле и законски нивното име или името на нивните производи.
За да им помогне на компаниите, федерацијата, според грчките медиуми, презела иницијатива за бесплатна правна и процедурална помош за сите заинтересирани бизнис.
Во однос на решението меѓу Македонија и Грција, Савакис рекол дека секој договор има негативни и позитивни страни, но прашањето требало да се реши бидејќи многу ги чинело грчките компании, особено оние од северниот дел на земјата. Додал дека договорот создава предуслови за зголемување на инвестициите во Скопје, но и дека пристаништето во Солун отвора огромни перспективни.
-Не може Австријците и Германците да бидат присутни, особено во земјоделско-прехрамбените производи, а ние што сме на 30 километри од границата да не можеме, рекол Савакис, според “Катимерини” и додал дека многу компании кои што сакале да извезуваат кај нас, тоа го правеле преку Албанија или Бугарија, што дополнително го зголемувало нивниот трошок.
Ново на Сител
-
Пораз од Швајцарија на македонските одбојкари
-
Станав популарен на стари години | Трајче Толевски | ПРОфесија | Sitel Podcast 107
-
ЦУК: Гори депонијата во Вардариште
-
Трамп: Ако енергијата поевтини доволно, Путин ќе престане да убива луѓе
-
Скопјанец удрил во заштитна ограда на исклучокот од патот Прилеп - Градско и ја качил на покривот на возилото
-
Кривична пријава за скопјанец кој преку веб страница продавал билети за непостоечки концерт
-
Лихвари од Скопје за 30.000 евра изнудиле 300.000 евра од кумановец
-
Безживотно тело на маж пронајдено покриено со земја и предмети во Кавадарци