Ребиќ: Повредени 118 полицајци, приведени 153 лица
Директорот на полицијата Владимир Ребиќ изјави денеска дека во текот на дводневните протести се повредни 118 полициски службеници, на кои им е укажана помош во здравствените установи во повеќе градови низ Србија, а синоќа се приведени 153 лица.
– Граѓаните и синоќа беа сведоци на неверојатни размери на насилство во Белград, туку и во Нови Сад, Ниш и Крагуевац. Такво насилство е неприфатливо и полицијата ќе ги преземе сите мерки со цел да го спречи насилството на улиците, а хулиганите ќе одговараат, истакна Ребиќ.
Тој додаде дека е причинета голема материјална штета, бидејќи демонстрантите го оштетиле имотот на граѓаните, како и јавниот имот.
– Уништуваа автомобили, прозорци, излози, палеа контејнери. Во Нови Сад се искршени стакла на Радиотелевизија Војводина и запален оган на влезот во Градската куќа, додека во Ниш и Крагуевац се уништени полициски автомобили и фрлани камења врз зградата на полициската управа во тие градови. Благодарејќи на координираната реакција на полицијата, успеавме да воспоставиме контрола на улиците во текот на ноќта, нагласи Ребиќ.
Ребиќ, меѓу другото, додаде дека на протестите можеле да се забележат и одредени политичари, кои „со тоа покажуваат дека поддржуваат насилство и немири на улиците“.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ