Ребаланс на Буџетот кон крајот на јуни

Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека, поради локалните избори, ребаланс на Буџетот ќе има најверојатно на крајот на јуни.
Одговорајќи на новинарски прашања во рамки на посетата на општина Штип, Мицкоски напомена дека се уште не е направена анализа, но ќе се направи по што ќе се излезе со предлог пред пратениците.
- Логично е да има прераспредлба на средства во месецот што следи поради импликацијата врз буџетските средства како резултат на проектите што ги поднесоа општините на вториот повик, зашто се работи за вкупно 16 милијарди денари. За ребалансот, годинава имаме локални избори. Логично е најмалку еднаш во годината да има ребаланс. Лани тоа беше при крајот на јули, но годинава тоа ќе биде проблем зашто ќе се распишат локалните избори и затоа ќе биде најверојатно на крајот на јуни. Се уште не е направена анализа, ќе се направи ќе се излезе со предлог пред пратениците.
Важно е дека владините мерки даваат резултати, имаме дефлација два месеца по ред, раст на индустриското производство во првиот квартал единствени во регионот и едни од ретките во Европа, имаме позитивна бројка во делот на извозот во првото тромесечје, очекувам резулат што ќе ги натфрли проекциите на меѓунардоните институции во делот на растот на БДП. Има неколку параметри коо дават јасна слика на траекторијата во која макроекономски треба да се движиме и тие ќе бидат опфатени во ребалансот, истакна Мицкоски.
Ново на Сител
-

Товарно возило излетало од патот Струмица-Радовиш, возачот загинал на местото на настанот
-

52-годишен гостиварец нападнал малолетник
-

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија
-

Рубио: Куба веќе „падна“ и е пропадната држава
-

Иран се закани со напади врз енергетската инфраструктура по говор на Трамп
-

Уапсен маж од Осака - чувал крокодил без дозвола
-

МЕРМС: За само две години Министерството постави највисок стандард на отвореност
-

Жените сe 39,2 отсто застапени во Собранието, но само 15 отсто во Владата, утврди ДЗР
