Реална шанса за постигнување договор за ослободување на заложниците, тврди израелски преговарач
Постои „реална шанса“ да се постигне договор со Хамас за ослободување на заложниците што групата ги држи во Појасот Газа од 7 октомври, изјави за „Тајмс оф Израел“ извор од израелскиот преговарачки тим, откако израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, одлучи да испрати делегација на нова рунда преговори.
-Предлогот што го изнесе Хамас вклучува многу значаен напредок, рече изворот, откако палестинската милитантна група преку посредник му испрати на Израел ревидиран нацрт-договор за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа.
Друг израелски функционер потврди дека израелската делегација на разговорите ќе ја предводи шефот на Мосад, Дејвид Барнеа.
Нетанјаху вчера свика состанок на кабинетот за национална безбедност за да се утврди позицијата на Израел во индиректните разговори, кои се очекува да започнат во наредните денови.
Нетанјаху претходно одобри испраќање преговарачки тим откако го разгледа одговорот на Хамас на последниот предлог на Израел.
Израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, истовремено, на семејствата на заложниците кои ги држи Хамас им соопшти дека Израел е „поблиску од кога било“ до постигнување договор за нивно ослободување, објави „Канал 12“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд
-
Средба Мицкоски - Таравари ќе има, Ахмети не разговарал со Алијанса за општини
-
Фетаи со честитка за „Слободна зона Карадак„ - Избриша видео со знаме на голема Албанија
-
Мерките завршија, граѓаните стравуваат од нагло поскапување во маркетите
-
Јавниот долг на најниско ниво во последните 5 години
-
Македонија падна за шест места на Индексот за слобода на медиумите
-
Протест на вработените во Зоолошка градина - Тврдат дека немаат земено плата за март, останале и без здравствено осигурување
-
Преглед на вестите од светот