Реализиран проектот за енергетски ефикасна училишна зграда на СУГС „Орце Николов“
Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, заедно со Луиза Винтон од УНДП, денеска во СУГС„ Орце Николов“ го промовираа заедничкиот проект на Град Скопје и УНДП за реконструкција на училишната зграда со мерки за енергетска ефикасност.
Како што соопшти Град Скопје целиот проект чини 3.588.057 денари, а финансиските средства за реализација се собрани по пат на кофинансирање на Град Скопје и УНДП, од кои Градот учествува со 2.000.000 денари.
- Во ова училиште се заменети сите стари прозорци со енергетско ефикасни, поставен е нов покрив со изолација и исто така е поставена изолација од внатрешна страна на надворешните ѕидови со стиропор со дебелина од 10 сантиметри. Во текот на градежниот зафат е освежена и фасадата, односно се бојадисани само циглите - 506 метри квадратни, а бојадисани се и сите грејни тела во училиштето, на кои што им се инсталирани 163 нови вентили. Со преземањето на овие мерки за енергетска ефикасност се предвидува заштеда на енергија околу 30 отсто, како и подобрување на амбиенталната температура во просториите, рече Трајановски.
Градот Скопје, продолжи Трајановски, има изготвено проекти за реконструкција на фасади со мерки за енергетска ефикасност за сите средни училишта кои се под негова надлежност и во текот на следните години планира да ги реализира тие проекти.
Луиза Винтон од УНДП го изрази своето задоволство од одличната соработка со Градот и ги посочи за нив трите главни придобивки од реализацијата на овој проект, а тоа се заштедата на трошоците за греење за 30 проценти, намалувањето на емисиите на штетни гасови и создавањето на попријатни услови за учење и работа на учениците и наставниот кадар во училишниот објект.
Ново на Сител
-
Спасен давеник кој паднал од чамец во Дојранско езеро
-
Формиран Советот за култура, стручно и советодавно тело на министерот за култура и туризам
-
Пронајдена златна маска на приватен имот во Охрид | ФОТО
-
По изборот на Трамп, Техеран се надева дека САД ќе ги преиспитаат „погрешните пристапи од минатото“
-
Царинска управа: Спречени обиди за криумчарење на стоматолошки инструменти, импланти за гради, цигари, фалсификувана стока
-
Дел од Општина Карпош без вода
-
Приведени двајца криумчари на мигранти
-
„Македоина Делије Радовиш“, го утнаа името на земјата од каде доаѓаат | ФОТО