-->
-->
Реал повтори клупски анти-рекорд во последните пет сезони
-->

Реал Мадрид синоќа во натпреварот од 19. коло од шпанското фудбалско првенство против Атлетик, го претрпе петтиот пораз во сезоната 2024/25.
„Кралевите“ во Билбао го повторија клупскиот анти-рекорд во последните пет сезони по бројот на порази во првата полусезона. Претходно Реал Мадрид доживеа пет порази во сезоната 2020/21.
Тренерот Карло Анчелоти смета дека мали детали го решија победникот.
- Кога изедначивме, ќе помисливте дека ја имаме ситуацијата под контрола, но малите детали не чинеа скапо денес. Го промашивме пеналот… Очигледно Мбапе е вознемирен, разочаран, но мора да продолжиме, изјави Анчелоти.
Реал Мадрид по 15 кола во Ла Лига е на второто место во поредокот со 33 бода. Заостатокот од водечката Барселона е четири бода.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Меѓународна научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања“
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски на ја коментира работата на историската комисија
-

Николоски: Силно сме посветени на туризмот
-

Бислимовски: МЕПСО побара минимално зголемување на цената на струјата
-

Нов парк во Бутел
-

Компаниите не знаат колку ќе плаќаат за декарбонизација
-

Меѓународна научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања“
