-->
-->
Реал остана без Карбахал
-->
На шпанскиот првак Реал очигледно не му оди оваа сезона, а покрај тоа се почести се проблемите со стандардните првотимци. Најновата информација од Мадрид е дека Реал вечерва против Еспањол нема да може да игра со десниот бек Карвахал кој му се придружи на листата на повредени на Бејл.
Тренерот Зинедин Зидан се соочува со големи проблеми околу составот откако на шпанскиот репрезентативец му се откриени срцеви проблеми, поточно болест која влијае на перикардиумот (срцевата обвивка) и е во “аут” на неодредено време. Прогнозите се дека тој ќе отсуствува најмалку 45 дена, но може да се случи да не заигра повеќе оваа година.
Карвахал е еден од најважните фудбалери на Реал Мадрид оваа сезона, ги одигра сите минути во сите натпреварувања и се очекуваше да продолжи во тој стил. Освен него и Бејл, на вечерашниот дуел против Еспањол нема да играат ниту Тео Ернандес, Марсело и Бензема, па шанса би можеле да добијат Начо и младиот Ахраф Хакими.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Новите 352 пожарникари потпишаа договори
-
Тема на денот со Петар Богојески, Македонски концепт
-
Битката за Чаир клучна на локалните избори
-
Осуда од ВЛЕН за навивачките скандирања
-
Манасков: Брутална партизација на образованието пред избори
-
Петрушевски: Обвинителот Коцевски служи на СДСМ, наместо на народот
-
Громорозно убиство во Штип
-
Екс директорот на Геријатрија обвинет за земање поткуп, седна во судница