Реал Мадрид враќа четири отстапени играчи
Реал Мадрид планира да си врати четворица отстапени играчи за новата сезона. Клубот одлучи да ги врати Ашраф Хакими од Борусија Дортмунд, Дани Себаљос од Арсенал, Мартин Одегор од Реал Сосиедад и Такеке Кубо од Мајорка. Тие покажаа дека растат во екипите каде што беа испратени да играат, а шефовите на Реал веруваат дека сега можат да се интегрираат во првиот тим на Мадрид.
Во исто време, „Белиот балет“ ќе се обиде да продаде четворица други играчи од сегашната постава, за да направи простор за повратниците. Се работи за Герет Бејл, Лукас Васкез, Хамес Родригез и Маријано Дијаз, кои не влегуваат во плановите на Зинедин Зидан.
Во меѓувреме, голема е веројатноста дека ќе бидат испратени на заем некои играчи на кои Французинот нема да смета, како Андреј Лунин, Лука Зидан, Алваро Одриосола, Хесус Ваљехо, Серхио Региљон, Оскар Родригез и Борха Мајорал.
Ново на Сител
-
ЈОРСМ: Дадена наредба за обдукција на починатиот притвореник од Затвор Куманово
-
Адвокат почина во Граѓанскиот суд во Скопје
-
Повторно одложен судскиот процес за Пендиков
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга