-->
-->
Реал Мадрид тргнува по Вилијам Салиба
-->
Вилијам Салиба е новата трансфер цел на Реал Мадрид. „Марка“ тврди дека францускиот централен дефанзивец на Арсенал е идентификуван како „избраниот“ што ќе ја предводи идната нова одбрана на „белиот балет“ по разочарувачката сезона.
Главниот скаут на Мадрид, Јуни Калафат, го следи 23-годишниот дефанзивец „веќе долго време“.
Салиба минатото лето потпиша нов долгорочен договор со Арсенал, но би можел да им се придружи на суперѕвезди како Килијан Мбапе, Винисиус Жуниор и Џуд Белингам.
Реал Мадрид разгледува и други опции во одбраната – меѓу нив се младиот талент на Борнмут, Дин Хаузен, и фудбалерот на Манчестер Сити, Мануел Аканџи.
Сепак, Салиба е главен фаворит на раководството на „Лос Бланкос.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Онкологот Мери Пешевска призна вина во случајот „Онкологија“, Васев не се чувствува виновен
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложена седницата за надзор на АНБ
-
Јаневска: Училиштата да водат сметка за состојбата на учебниците
-
Преглед на вестите од светот
-
Иванов: Секое решение за Вардариште ќе трае со години
-
Тема на денот со Татјана Чакулев, О2 иницијатива
-
Почна судењето за Беланоца