Loading Video...
Кошарка
26. January 2022 - 12:13
Реал Мадрид е нов лидер во кошаркарската Евролига.
Реал Мадрид е нов лидер во кошаркарската Евролига. „Кралевите“ ја остварија 17-тата победа и тоа на домашен терен совладувајќи го Уникс Казан со 85-68 во заостанат натпревар од 18.коло.
Реал сега е прв на табелата со 37 бодови колку што има и нивниот лут ривал Барселона, но „кралскиот тим“ има победа повеќе, а и натпревар помалку од Каталонците.
Победа на домашен терен забележа и Макаби кој во Тел Авив ја совлада Алба со 87-78, додека Баерн славеше на гости во Вилербан кај Асвел со 77-68 во заостанат натпревар од 18 коло.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->