Живот
4. May 2017 - 9:27

Реакцијата на еден Американец на навредите кон неговата девојка стана хит

Минатата недела Три Букер и Медисон беа на својата матурска прослава и секако објавија неколку заеднички фотографии направени претходно.

Како што често се случува, младата девојка почна да добива и негативни коментари, во случајов - навреди за тежината на Медисон.

- Уау, те сака и покрај тоа што си дебела, и напиша една виртуелна пријателка на Твитер.

- Не знам како луѓето можат да бидат злобни кон оние кои не ги ни познаваат, одговори Медисон.

Но, веднаш потоа се вклучи и Три, а неговата реакција стана хит на социјалните мрежи.

- Те сакам, Мадисон! Без разлика на тоа што луѓето говорат или ако некој сака да не раздели. Јас не одам никаде, верувај ми. Верувај ми!, напиша вљубеното момче.

„Така се чува својата девојка", „Многумина за вакво нешто немаат ма*иња, секоја чест", се само дел од коментарите по објавата на Три.