Македонија
28. October 2016 - 17:16

Реакција од секретарот на општина Струмица на прес-конференцијата на Васил Пишев

Секретарот на општина Струмица, Кирил Парталов, во реакција на денешната прес- конференцијата на Васил Пишев од ВМРО ДПМНЕ, побара претставниците на власта, како што наведе, да објаснат зошто намерно ги оставиле граѓаните на Струмица без пазар и хала за саеми и свечености.

Парталов праша „зошто централната власт само на општина Струмица не и предала касарната во владение, што го направила со сите други општини, каде градоначалниците се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ“. Пазарот и салата се предвидени во Касарната, што, наведе Парталов, власта ја наменила за бизнис цели.

Парталов приложи ДУП изгласан, како што рече, по налог на Владата на РМ и Министерството за транспорт и врски и известување од тоа Министерството со коешто и се наложило на Општина Струмица да донесе Детален урбанистички план за дел од земјиштето во Касарната.- Намената на ДУП, посочи Парталов, е отуѓување, односно продажба на тоа земјиште за комерцијални цели, деловни и станбени објекти, а не за потребите на Општина Струмица.