Реакција од претседателот Пендаровски за посетата на косовскиот премиер Албин Курти
Истакнувањето на провокативна националистичка иконографија што промовира великодржавни шовинистички идеи претставува разгорување на етничка омраза и нетрпеливост со што недвосмислено се напаѓаат основните принципи и вредности на Рамковниот договор, како и концептот на Македонија како мултиетничка држава, се вели во реакцијата од претседатлеот на државата Стево Пендаровски, по повод посетата на косовскиот премиер Албин Курти.
- Организаторите на јавните собири во Тетово и во Чаир мора да бидат законски санкционирани за кршењето на законските одредби во однос на употребата на државното знаме и химна и знамињата и симболите на заедниците, со целосно игнорирање на симболите на државата. Во таа насока ги повикувам надлежните органи во најкус можен рок да ги завршат пропишаните постапки, се подвлекува во реакцијата од Пендаровски.
Начинот на реализација на идејата за преименувањето на улицата во општината Чаир, се наведува во реакцијата од Пендаровски, е во спротивност со принципот на демократска дебата и почитување на историското наследство на сите заедници во државата.
- Во таа смисла, очекувам надлежните инспекциски служби да проверат дали при носењето на одлуката е почитуван принципот на двојно мнозинство, кој треба да ги вклучува и гласовите на заедниците кои не се во мнозинство во таа општина, стои во реакцијата од претседателот на државата Стево Пендаровски.
Ново на Сител
-
Чешкиот „Блек хок“ се очекува да полета кон планината Готен, пристигнаа и словенечките пожарникари
-
Македонци во Тајван, сведочат за предупредувањето и опасноста од цунами по земјотресот на Камчатка
-
Кривична за управител за одгледување на канабис за медицински цели, одземени еден килограм и 260 грама марихуана
-
Економско-социјалниот совет треба да одржи седница, се очекува да се разговара за инфлацијата и порастот на платите
-
Уапсен поранешниот НБА кошаркар Морис, обвинет е за измама
-
Без вода неколку улици во Скопје
-
Почнува изградбата на „Меморијален парк за жртвите од пожарот во модуларната болница - Тетово“
-
Тројца украински војници загинаа, а 18 се ранети во руски напад врз единица за обука