Реакција на ВМРО-ДПМНЕ
Со судството и обвинителството во Македонија раководи кланот Заеви и кланот Ахмети.
Тие се директните виновници кои држат судии и обвинители затоа што се уплашени поради криминалот кој го имаат направено. Затоа секој случај кој ќе почне завршува со неуспех.
Затоа секоја пријава на МВР или докази или допрен глас и укажување од Владата или јавноста за криминал на луѓе од СДС и ДУИ завршуваат без епилог, во нечија фиока или затворени се како случаи.
Но, имаме една порака. Ако до Нова година не се смени ова и нема чекори за борба против корупцијата за еклатантни примери на криминал на разни политичко мафијашки групации во земјава, ние ќе објавиме и тргнеме во одлучна акција и чекори кои тоа ќе го променат од корен.
Укажувавме, повикувавме, апелиравме, молевме, но безуспешно.
Народот е разочаран.
Апатијата се зголемува. Довербата во правна држава ја нема. Надежта се губи.
Нема да го дозволиме тоа. Ќе биде или тие или Македонија. Или тие сите криминалците без разлика на политичка и етничка припадност на една страна, или ние со народот на другата.
Доаѓаат тешки моменти за корумпираните судии, обвинители, и политичари и бандити.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди своја резолуција, на СДСМ имала неточни факти
-
Тема на денот со Владимир Божиновски
-
Обраќање на претседателката Сиљановска - Давкова пред Генералното собрание на ООН
-
Мицкоски најавува „македонска резолуција“
-
Преспанското Езеро забрзано старее - потребни се заеднички мерки
-
Пивара Скопје го претстави првото пченично пиво - Скопско Weiss
-
Обраќање на претседателката Сиљановска - Давкова пред Генералното собрание на ООН
-
Филипче ги претстави „црвените линии“ – постави рок до 10 февруари да се спроведат уставни измени