Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Каевски
Бројките на ММФ покажуваат дека СДС ја води државата во економска пропаст со двоцифрена инфлација и слаб раст.
ММФ прогнозира 10% инфлација за Македонија за 2023, а СДС со розеви наочари гледаат 5%. Добро би било да поделат такви наочари на 1 милион и 800 илјади кои останаа во државата па може и некој ќе им поверува.
Тешко дека граѓаните ја гледаат економската ренесанса за која СДС зборува, кога во суштина сме зад Косово, Албанија и Црна Гора по економски раст. Сите три држави од нашето опкружување имаат економски раст за 50% поголем од Македонија.
Пресовите на СДС се како провоцирање и свесно подбивање со граѓаните, особено што до крајот на година ќе имаме над половина милион луѓе кои живеат во сиромаштија.
Со СДС економија не само што застана, туку тргна назад. Единствено на кој му оди напред е на Ковачевски, Груби и таквите како Каевски кои на 30 години и политички активизам имаат милиони на сметка и огромен имот.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите
-
Седуммесечно бебе паднало од импровизиран кревет
-
Центар за рангирање на светски универзитети: УКИМ година дена не бележи никаков напредок
-
Структурни реформи веднаш, за поголем економски раст
-
Македонците најмногу трошат на „Букинг“, а најмногу купуваат на „АлиЕкспрес“
-
Демири го разреши само медицинскиот директор на Токсикологија, но не и Бесија Иљази
-
Отворен Центар за поддршка и советување на момчиња и мажи