Македонија
14. May 2024 - 16:38

Демири го разреши само медицинскиот директор на Токсикологија, но не и Бесија Иљази

Министерот за здравство го разреши само медицинскиот директор на Токсикологија Данил Петровски, но ја остави Бесија Иљази да директорува.

Образложението за разрешувањето е поради неправилности во работата, одговорија од Министерството.

За хаосот на Клиниката според Демири виновен е само тој, но не и организациската директорка која беше посочена и од стручниот колегиум и од поголем дел од вработените за самоволие. Поради нејзиниот потпис клиниката не е осигурана, а неодамна имаше поплава.

Забелешки за нејзината работа имаа и инспекциите бидејќи дозволувала 18 лица со месеци да се шетаат низ клиниката и да работат со пациенти без никаков договор. Во меѓувреме беше доведена во прашање валидноста на резултатите во токсиколошката лабораторија зошто биологот нема решение, а имало и обид за замаена на урина со наркотици со чист примерок од страна на еден од договорците кои Бесија Иљази сака да ги вработи.

За разрешувањето само на Петровски кој моментално е на одмор и не го примил решението, со допис до медиумите реагираа вработени на Клиниката. Од таму посочуваат дека со ова се овора пат за политички вработувања во сеуште изборен период на кадар без компетенции, за кои медицинскиот директор не сакал да потпише и покрај инсистирањата на Бесија Иљази.